

NASA Space Apps Challenge 2022 at the location Skopje, MKD will be a hybrid event, where teams that are based or able to travel to Skopje will participate in person, while the others will join online. The finalists will be announced on October 2nd, 2022 in the evening and the National Finals will take place in Skopje on October 4th (the full Agenda is below).
- ВРЕМЕ Е И ТИ ДА УЧЕСТВУВАШ НА NASA Space Apps Challenge !!!
Најголемиот хакатон во светот организиран од страна на Американската агенција за вселенски истражувања NASA заедно со партнери и од други вселенски агенции „NASA Space Apps Challenge“ се одржува секоја година истовремено во 162 земји, а учесници се средношколци, студенти и млади претприемачи од целиот свет. Во 2021 година 28.000 учесници креираа над 2.800 проекти решавајќи предизвици со кои се соочуваат Земјата и вселената.
Во Македонија натпреварот традиционално се одржува од 2013 година, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и со поддршка на домашни институции и компании, како и ментори експерти од индустријата и универзитетски професори, а досега над 1500 млади таленти од нашата земја имаат земено учество.
Оваа година натпреварот во Македонија се одржува јубилејно по 10ти пат од 30ти септември до 2ри октомври 2022 година, и нуди многу нови можности и изненадувања!
По повод 10 годишнината ќе нема возрасни ограничувања. Добредојдени се сите Space ентузијасти од најмлади до најстари.

2 члена од победничкиот тим на национално ниво ќе патуваат во NASA Kennedy Space центарот.
Пријавувањето за 10 годишното јубилејно издание на натпреварот NASA Space Apps Challenge во Македонија сите заинтересирани можат да го направат на https://bit.ly/NASASpaceAppsMKD, a истовремено потребно е да се направи регистрација и преку оваа веб страна на локацијата Скопје, С. Македонија.
Натпреварот во Македонија го иницираше и го води генералниот менџер на Њуменс Бизнис Акцелераторот - Ирена Чаушевска Даниловска, која има долгогодишно искуство во поддршка на млади таленти и претприемачи да го достигнат својот максимален потенцијал, а беше иницијатор за започнување на натпреварот и во повеќе држави од регионот, како и во Силициумската долина во САД во 2015 година.
СТАРТ НА NASA Space Apps Challenge 2022


Денеска стартуваше 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и во соработка со домашни компании, ментори експерти од индустријата, професори и наставници. На отворањето се обратија Ирена Чаушевска Даниловска лидер на натпреварот во Македонија, како и Марлин Најс, Советникот за односи за јавност во Амбасадата на САД во Скопје. Г-ѓа Најс го изрази своето задоволство од интересот на младите да се вклучат во овој голем натпревар, и истакна дека токму развојот на вештини во STEAM областите (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) ќе им овозможат одлични кариерни можности, а истовремено ќе можат да придонесат и за успешен развој на нашата земја.

Хакатонот ќе се случува во текот на целиот викенд од 9:00 до 22:00 часот, во просториите на ИТ хабот Нетавил (ул. Никола Тесла бр.9, Скопје), а тимовите ќе можат да работат на еден од 22 предизвици зададени од експерти и научници на NASA. Во Македонија оваа година натпреварот се одржува јубилејно по 10ти пат.
Најголемиот дел од учесниците се ученици во средните стручни училишта и универзитетите низ државата, а најбројни се тие од Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Прилеп, Битола, Кавадарци, Кочани, Виница, со вештини и знаења во програмирање, инженерство, природни науки, математика, 3Д моделирање, визуелизација на податоци, претприемништво.
Денес учесниците имаа можност да проследат Презентација на предизвиците на кои ќе можат да работат во рамки на натпреварот, а учествуваа и на Подготвителна Работилница за поттикнување на работа во тим, креативност, иновативност, решавање на проблеми и лидерство. Можноста за вклучување со присуство во живо онлајн е отворена до сабота, 1 октомври 2022, до 9:00 часот, преку линкот https://bit.ly/NASASpaceAppsMKD.

Досега над 1500 млади таленти од нашата земја на возраст од 15 до 29 години имаат земено учество, а големо е задоволството што во последниве неколку години дури 40% се девојки. Три наши тимови досега беа прогласени меѓу 40те финалисти на натпреварот во глобална конкуренција од над 2000 тимови што е многу значајно постигнување, и тоа: Тимот Delta во 2017 година, како и тимовите Atom Z и EXCEL-erators во 2020 година.
АГЕНДА И ЛОКАЦИЈА за NASA Space Apps Challenge 2022
Локација за учество ВО ЖИВО: Нетавил (ул. Никола Тесла бр. 9, спроти техничките факултети во Карпош 2, Скопје)
Учество ОНЛАЈН: Учеството во живо е незаборавно искуство и на сите кои се во можност им го препорачуваме, но оние кои нема да можат да дојдат во Скопје ќе можат да ни се придружат онлајн.
30ти септември (петок) 12:00-14:00
ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ И ПОДГОТВИТЕЛНА РАБОТИЛНИЦА
- Поздравни обраќања
- Презентација на предизвиците
- Работилница за развој на тимска работа, креативност, решавање проблеми
1ви октомври (сабота) 9:00-22:00
ХАКАТОН ЗА РЕШАВАЊЕ НА STEM/SPACE ПРЕДИЗВИЦИ - ДЕН 1
- Прегледување на информациите за избраниот предизвик
- Распределување на работни задачи
- Индивидуална и групна работа
2ри октомври (сабота) 9:00-22:00
ХАКАТОН ЗА РЕШАВАЊЕ НА STEM/SPACE ПРЕДИЗВИЦИ - ДЕН 2
- Довршување на ФИНАЛЕН ПРОЕКТ и изработка на ДЕМО
- 17:00-20:00 Презентирање од страна на сите тимови
(5 мин. за презентација + 5 мин. за одговори на прашања од жирито)
- 20:00-22:00 ПРОГЛАСУВАЊЕ НА 5 ФИНАЛИСТИ и доделување Сертификати
- Фотографирање и дружење
4ти октомври (вторник) 13:30-16:00
НАЦИОНАЛНО ФИНАЛЕ
- 13:30-15:00 Презентирање од страна на 5те финалисти
(10 мин. за презентација + 10 мин. за одговори на прашања од жирито)
- 15:00-16:00 ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН ПОБЕДНИК, Второ и Трето место
- Фотографирање и дружење
ИСКУСТВОТО НА ПОБЕДНИЧКИОТ ТИМ НА NASA SPACE APPS CHALLENGE SKOPJE, MKD 2О21
Дипломците по Мехатроника на Машинскиот Факултет во Скопје - Тијана Костовска и Климент Младеноски од Охрид, кои го предводеа минатогодишниот победнички тим од Македонија TeamySeed, само што се вратија од двонеделна посета на NASA Kennedy Space центарот во Флорида, САД.

За време на посетата имаа можност од блиску да се запознаат со животот на астронаутите во вселената и на меѓународната вселенска станица, видоа приемерок од легендарниот Space Shuttle глајдер вратен од мисија, како и примерок од Saturn 5 ракетата долга дури 110 метри што е еднакво на зграда од 36 спрата, која е поставена во легната положба и раздвоена по секции за да можат идните инженери одблиску да се запознаат со методологијата на изработка.
Дека победата ќе значи и карта за НАСА дознале само два часа пред почетокот на натпреварот, па тоа им било екстра мотивација во последен момент. Се фокусирале на решение за одгледување на спанаќ, бидејќи има нутриенти што им недостасуваат на астронаутите.
Искуството во Флорида, САД, направило да мислат дека НАСА и не е така далеку.


„Не ја чувствуваме НАСА како недостижна. Предизвиците ќе ги прифаќаме така како што ќе доаѓаат, но по последново искуство би сакале да видиме како е да се работи за НАСА“, потенцираше Тијана.
„Се запознавме и со лидерите на „Веџи“, што всушност е моменталниот тим во НАСА кој работи на растење на растенија во вселената, односно експертите баш на темата на која работевме. И тие ни дадоа специфични упатства и остваривме контакт што може да ни отвори можност подоцна да соработуваме“, додаде 23-годишниот Младеноски.
Македонското образование како подлога на патот до НАСА
Нема разлика помеѓу квалитетот на нашиот наставен кадар и оној надвор од државата, особено на техничките факултети, се согласуваат Тијана и Климент.
„Кај нас, особено на техничките факултети, знаењето што го добиваме е повеќе од доволно, дури и за НАСА, бидејќи програмите се скоро исти како и секаде. Секоја цел е возможна, само ако се вложиш во самата мисија“, истакна Климент.
Тие имаа и ретка можност да го проследат и враќањето на реупотребливата ракета на SpaceX на пристанишетото Cape Canaveral.

Повеќе информации за нивното патување во САД прочитајте лично од нив на https://www.slobodnaevropa.mk/a/32034924.html
Пријави се уште денес и обиди се и ти!
Среќно!

