

This event will be in-person.

Искористи ја можноста и пријави се за прв пат на најголемиот глобален хакатон во светот NASA Space Apps Challenge во Струмица.
Хакатонот ќе се одржи од 1ви до 2ри Октомври, 2022 година во просториите на СОУУД "Димитар Влахов"- Струмица. Биди креативен, претстави ја твојата идеја и креирај решение!
Space Apps е интернационален дводневен hackathon отворен за сите кои се ентузијастично посветени на откривање на нови решенија за глобалните проблеми. Ако сте програмер, научник, инженер, дизајнер, доколку поседувате комуникациски и маркетинг вештини или барате можност да ги тестирате вашите идеи и знаења за вселената, ова е вистинското место за вас! Ќе имате можност да запознаете нови луѓе, да размените нови идеи со луѓе подеднакво ентузијастични за вселената како и вас и да изградите нешто ново и уникатно!
Вашата задача ќе биде да дизајнирате, изградите и презентирате иновативни решенија за актуелните проблеми кои се среќаваат на Земјата и во Вселената. За време на настанот ќе бидете постојано поддржани од ментори кои ќе ве водат кон исполнување на крајната цел на натпреварот.
На натпреварот можат да учествуваат сите граѓани на Р. Северна Македонија.
Ве очекуваме!
Доколку ви се потребни дополнитени информации, слободно контактирајте не!
Организациониот тим на NASA Space Apps Strumica 2022!
Тимови
Се препорачува тимовите да се составени од 3-4 членови, иако нема ограничување на минималниот број на регистрирани членови во еден тим. Максималниот број на членови во еден тим е 6 учесници.
Доколку не сте во можност да формирате свој тим, со наша помош ќе можете да се приклучите на друг тим во пресрет на настанот.
ТЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА НАТПРЕВАРОТ:
За Space Apps хакатонот 2022 предизвиците и темите ги доделуваат експерти од NASA, со кој тие секојдневно работат и се соочуваат на Земјата и во Вселената.
Ова година има вкупно 105 предизвици од кој што може да изберете и да учествувате, и тоа од повеќе различни области како што се: Advanced, Arts, Astrophysics , Beginner , Climate, Diversity & Equity, Earth, Games, Hardware, Intermediate, Planets & Moons, Software, Space Exploration, Sun, Youth.
Детално темите и предизвиците можете да ги разгледате на следниов линк: https://2022.spaceappschallenge.org/challenges/
Локални Награди
-1 место: ваучер во вредност од 200 евра за најкреативно решение ( Most Inspirational Award) ;
-2 место: ваучер во вредност од 100 евра за локално најдобро решение ( Local Impact Award) ;
-3 место: ваучер во вредност од 50 евра за најомилен на публиката ( Best Use Of Storytelling Award) ;
Најдобриот локален проект ќе биде вклучен во глобална номинација, и глобалните победници ќе бидат објавени во Јануари 2023.
За секој тим кој ќе учествува на хакатонот ќе бидат доделени признанија-сертификати.
Сабота, 1ви Октомври
- 13:00 – Свечено отварање на настанот
- 14:00-16:00 – Отварање на платформата ( работна сесија)
- 16:00 – Ужина
- 16:30 – Формирање на тимови ( работна сесија)
- 18:30 – Ручек
- 19:30 – Давање насоки и правила на учесниците за наредниот ден
- 20:00 – Прошетка низ градот
Недела, 2ри Октомври
- 8:00 – Доручек
- 8:30 – Работна сесија
- 10:00 – Презентирање на тимовите
- 13:30 – Ручек
- 14:30 – Доделување на награди
- 15:30 – Затварање на настанот
Спонзори
Овој хакатон е подржан од страна на:
-Општина Струмица
-Mama’s Food- Струмица
-Nova Solutions- Битола
-СОУУД “Димитар Влахов” - Струмица
-Рафинерија за масло "АЛ-МАКС" - Струмица
-Печатница Графосервис - Струмица
-Пицерија Бонџорно - Струмица
-Бутик "Тозо" - Струмица
-Виталиа - Скопје

